Били Џо Сандерс за прв пат ќе ја брани титулата на ВБО

bili-dzo-sanders

Се уште непоразениот шампион на WBO во средна категорија, Били Џо Сандерс, за првпат ќе ја брани титулата на 22 октомври во Морорпоинт Арена во Кардиф-Велс.

Сандерс, кој е со скор 23 победи од 23 натпревари, се приклучува на чудесната фајт карта во која велшкиот херој Лиам Вилиамс ќе ја брани титула на Велика Британија во супер-полусредна категорија против непоразениот Ахмет Патерсон.

Бредли Скити ќе ја брани титулата на Велика Британија во полусредна категорија против Сејни Сингелтон додека Томи Лангфорд ќе се бори за испразнетата титула на Велика Британија во средна категорија. Тони Стаклер ќе направи првата одбрана на европската титула на WBO во лесна категорија против Велшанецот Крег Еванс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON