Бигфут Силва изгуби со прекин во втората рунда, Витасовиќ првак во тешка категорија

Поранешниот УФЦ-борец, 41-годишниот Антонио Силва (19-13, 1НЦ) настапи на настанот на Мегдан ФЦ што се одржа во Шабац и загуби од Португалецот Квентин Домингос (6-2).

Имено, мечот за титулата во тешка категорија беше прекинат во втората рунда откако португалскиот борец со серија удари го стресе Бигфут, кој го загуби тлото под нозете, а по уште неколку удари, судијата ја прекина борбата.

Но, се добива впечаток дека судијата можеби премногу брзо интервенирал за да ги раздели и да го заврши судирот.

Девет меча, седум борби во ММА и две борби со кик-бокс се одржаа на боречката вечер под отворено небо со присуство на гледачи.

Уште еден сериозен судиски пропуст беше виден на кик-боксот мечот меѓу Саша Јовановиќ и Морибах Косијах. Имено, Косијах го нокаутира Јовановиќ, а судијата оцени дека станува збор за неправилен удар.

Средбата првично беше прогласен за „без одлука“, но со прегледување на снимката, одлуката беше променета и победата му беше доделена на Косијах.

А, борецот на Тројан од Пула, Иван Витасовиќ ја освои титулата во тешка категорија против фаворизираниот шпански борец Даниел Хакаре Толедо.

Витасовиќ победи по три рунди со одлука на судиите.

Резултати, Мегдан 9:
Горан Весков – Марко Гуцу – ТКО (Р1)
Куити Бегај – Драган Петровиќ – завршница (Р2)
Игор Нистор – Александар Миливојевиќ – едногласна одлука на судиите
Станислав Крофак – Бојан Асак – ТКО (Р1)
Ненад Миланов – Иван Билиќ – едногласна одлука на судиите
Морибах Косијах – Саша Јовановиќ – КО (Р1)
Иван Витасовиќ – Даниел Толедо – едногласна одлука на судиите
Квентин Домингос – Антонио Силва – ТКО (Р2)
Никола Јоксовиќ – Марко Вардјан – ТКО (Р2)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО