АктуелноБокс

БФМ: Со неверување ја примивме трагичната вест за загубата на младиот и талентиран боксер Еди Насуфи

Боксерската федерација на Македонија со неверување ја прими трагичната вест за загубата на младиот и талентиран боксер Еди Насуфи (19 години), кој загина во сообраќајна несреќа што се случила на патот Струга-Велешта.

„Со жалење ја примивме веста за трагичниот настан во кој репрезентативецот Еди Насуфи го загуби животот. Пред него беше кариера на врвен боксер кој имаше што да му покаже на боксерскиот свет.

Длабоко сочувство до семејството и роднините на Еди Насуфи.

Нека почива во мир“, истакнуваат од БФМ

Насуфи беше член на македонската боксерска репрезентација во повеќе возрасни категории и важеше за еден од перспективните таленти во спортот. Своите први чекори во боксот ги направи во клубот „Синди“ од Струга.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON