Боксерската федерација на Македонија (БФМ) се корегираше во врска со екипниот победник на Државното поединечно првенство за кадети, јуниори и сениори, прогласувајќи ја екипата на Пинк Пантер за најдобра со 105 бода, пред Чаир со 95 и Баргала 80.
На 2 јули во Штип, по завршувањето на финалините борби, БК Чаир беше прогласен за најуспешна екипа.
Исто така има промени и во најдобриот тренерски тим на Првенството, сега за најдобри се прогласени тренерите на Пинк Пантер, а првично тоа беше тандемот на Чаир. Ако се има во предвид дека Димитар Ташков го доби пехарот за најдобар боксер на Државното првенството, ова е хет трик за штипскиот клуб.
Државни прваци за 2017 година се:
кадети
52 кг Елес Асанов – Баргала
60 кг Алпај Демиров – Баргала
66 кг Рамо Казимов – Пинк Пантер тим
75 кг Хурмет Јонузи – Шкупи
80 кг Стево Илиќ – Ас
ј у н и о р и
60 кг Шпенд Гафури – Шкендија но лимит
69 кг Елмедин Истрефи – Чаир
81 кг Никола Бубевски – Пинк Пантер
с е н и о р и
56 кг Алмир Нуришов – Тернипе
64 кг Артан Алиу – Чаир
69 кг Љуљзим Исмаили – Шкендија но лимит
75 кг Гоце Јанески – Аперкат
+91 кг Димитар Ташков – Пинк Пантер
Ipon.mk/В.Д.