Тензиите се зголемуваат како што се приближува спектаклот во Ријад, а официјалното мерење ги донесе последните потврди пред борците да влезат во рингот. Сите што се доближија до вагата поминаа без проблеми, што значи дека се е подготвено за вечер исполнета со судири од врвна класа.
Артур Бетербиев и Дмитри Бивол успешно го поминаа мерењето и се подготвени за пресметката која ќе го одреди апсолутниот крал во полутешка категорија. Бетербиев тежеше 79,4 килограми, додека Бивол беше нешто полесен со 79 килограми. Појасите на ВБА, ИБФ и ВБО се на линија, а и двајцата се во врвна форма. Се очекува војна во која секоја секунда ќе биде клучна.
Џозеф Паркер, исто така, се ја помина вагата и со 121,1 килограм е подготвен за елиминаторот во тешка категорија, но неговиот противник Мартин Баколе сè уште патува за Ријад и допрва треба да направи мерење. Неговото доаѓање во последен момент може да биде одлучувачки фактор, но Баколе е познат како боксер кој многу не тактизира.
Карлос Адамес ја брани титулата на ВБЦ во средна категорија против опасниот Хамза Шираз и двајцата успешно ја минаа вагата – Адамс тежеше 71,7 килограми, додека Шераз 72,1 кг. Во оваа борба нè очекува техничка битка на високо ниво, со голема неизвесност кој прв ќе најде пукнатина во одбраната на противникот.
Во супер полусредна категорија има судир меѓу Вергил Ортиз Јуниор и Израел Мадримов за титулата ВБА. Ортиз тежеше 69,5 килограми, додека Мадримов имаше 69 килограми. И двајцата се гладни за докажување и подготвени да водат војна во рингот, а со оглед на нивните беспрекорни перформанси во претходните борби, овој дуел лесно може да го украде шоуто.
Во тешка категорија, кинескиот гигант Жилеј Жанг имаше неверојатни 130,4 килограми, додека неговиот противник Агит Кабајел имаше 109,3 килограми. Во прашање е привремениот ВБЦ појас, а прашање е дали Кабајел може да ја искористи својата брзина за да ја надомести огромната разлика во тежината или моќта на Жанг ќе го реши победникот.
Без проблем вагата ја минаа и Џошуа Буаци и Калум Смит – Буаци имаше 79,4 килограми, додека Смит до 79 килограми. Овој елиминатор во полутешка категорија може да му донесе на победникот идна борба за титулата, што значи дека и двајцата ќе бидат високо мотивирани.
Во лесна категорија Шакур Стивенсон и Џош Педли имаа идентични 60,8 килограми, додека Џонатас де Оливеира (64,3 кг) и Зијад Алмаајуф (65 кг) се подготвени за уште еден возбудлив натпревар. Енгел Гомез (59,9 кг) и Мохамед Алакел (60,8 кг) исто така ја минаа вагата и се подготвени за пресметката.
Сите предуслови за незаборавен настан ги има – Ријад повторно е центар на боксерскиот свет, а Турки Алалших се погрижи овој мегаломански боксерски настан да остане испишан со златни букви.
Последното крешчендо | Резултати од официјалното мерење
Артур Бетербиев (79,4 кг) – Дмитри Бивол (79 кг)
Џозеф Паркер (121,1 кг) – Мартин Баколе (не се мереше)
Шакур Стивенсон (60,8 кг) – Џош Педли (60,8 кг)
Карлос Адамс (71,7 кг) – Хамза Шираз (72,1 кг)
Вергил Ортиз Јуниор (69,5 кг) – Израел Мадримов (69 кг)
Жилеј Жанг (130,4 кг) – Агит Кабајел (109,3 кг)
Џошуа Буаци (79,4 кг) – Калум Смит (79 кг)
Џонатас де Оливеира (64,3 кг) – Зијад Алмајуф (65 кг)
Енгел Гомез (59,9 кг) – Мохамед Алакел (60,8 кг)