Непоразениот руски боксер Артур Бетербиев го кажа своето мислење за советите кои би си ги дал во детството и сега.
Актуелниот шампион на ВБЦ, ВБО и ИБФ во полутешка категорија вели дека ако можел да се врати во минатото, би избрал да учи наместо да боксира. Ноќта меѓу 18 и 19 јуни 2022 година Бетербиев го победи Американецот Џо Смит Јуниор во меч за обединување на титулите.
Во игра беа три шампионски појаси во полутешка категорија: ВБЦ и ИБФ титулите на Бетербиев и ВБО појасот на Смит. Сега, на 28 јануари, Бетербиев ќе се соочи со Ентони Јард, ставајќи ги во залог титулите и стусот на непоразен, кој вклучува 18-0.
„Да можев да си дадам совет како дете, ќе речев: „Артур, учи, остави го боксот“.
Но, сега мојот единствен совет до сега веќе пораснатиот Артур е: „Тренирај уште понапорно“. За девет дена во Лондон нема да има место за грешка.
На 28 јануари на Вембли Арена“, напиша Бетербиев на социјалните мрежи.