Бетербиев и Смит се соочија пред борбата

Ноќта меѓу 13 и 14 јануари во Квебек (Канада) ќе се одржи боксерска гала вечер во чија главна борба ќе се борат Русинот Артур Бетербиев и Британецот Калум Смит.

Во прашање ќе бидат шампионските појаси на ВБЦ, ИБФ и ВБО кои ги поседува Бетербиев. Спортистите учествуваа на прес-конференција на која освен што одговараа на прашања, стоеја очи в очи. Потсетуваме, Бетербиев во текот на својата професионална кариера учествуваше во 19 борби во кои забележа 19 победи.

Смит има 29 победи и 1 пораз. Во последната борба Артур се сретна со друг британски спортист, Ентони Јард. Русинот во осмата рунда го победи противникот. Калум го победи Французинот Матје Бодерлик во последната борба во август 2022 година.

Калум е задолжителен предизвикувач за титулата на ВБЦ во полутешка категорија и верува дека ќе ги преземе титулите.

„Верувам дека најдобрата верзија од мене ќе го надмине секој боксер во светот. Дојдов овде по титулите“, изјави Смит на прес-конференцијата.

Бетербиев не е загрижен пред борбата и рече дека ќе си ја заврши работата.

„Фокусиран сум на борбата. Не ми е гајле колку луѓе ќе ме поддржат. Само ќе излезам и ќе го направам тоа што треба да го направам. Спортистите мора да бидат подготвени за предизвици. Ми се допаѓа ова.

Одам во сала и гледам старец како работи таму во седум часот наутро. Во такви моменти разбираш дека не може да бидеш мрзлив“, рече Бетербиев на прес-конференцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО