Договорена е борбата за обединување на титулата светски шампион во полутешка категорија.
Шампионот на ИБФ Артур Бетербиев (14-0, 14 КО) ќе се бори против шампионот на ВБЦ, Александар Гвоздик (17-0, 14 КО).
Пресметката на непоразените шампиони, 34-годишниот Русин и 32-годишниот Украинец, ќе се одржи на 18 октомври, а местото на одржување на борбата ќе биде дополнително објавено.
Гвоздик првата одбрана на титулата на ВБЦ која ја освои со нокаут против Адонис Стивенсон ја имаше на крајот на март кога во петата рунда го сопре Французниот Дудуа Нгумбу.
Во мај Бетербиев по втор пат ја одбрани титулата на ИБФ нокаутирајќи го во петата крунда Радивоје Калајџиќ.