Бетербиев: 20-0 е среќа! Сè уште не сум добар боксер

Минатиот викенд Артур Бетербиев ја заработи 20-та победа во 20-та професионална борба.

Бетебриев се соочи со Калум Смит, кој никогаш не бил соборен пред борбата со Артур, но тука двапати падна во седмата рунда. По вториот нокдаун неговиот тренер Бади Мекгирт побара да се прекине борбата. Навистина, ако Смит продолжеше, неговото здравје ќе беше во опасност.

Бетербиев во моментов е најстрашниот нокаутер во светот на боксот. Тој е светски шампион во полутешка категорија во верзиите ВБЦ, ИБФ и ВБО. До денес, појасот ВБА е во сопственост на Дмитри Бивол. Саудиска Арабија е подготвена конечно да ја организира оваа борба.

Промоторот на Артур, Боб Арум изјави дека Бетербиев за оваа борба ќе биде подготвен три месеци по завршувањето на Рамазан, тоа е во јули. Бивол веќе потпиша договор, а на Бетербиев не му пречи борбата. Артур останува скромен и изјави дека 20-0 е резултат на среќа.

Не се смета за добар боксер, но е на пат да стане.

„Ни треба оваа борба и тоа не е ништо лично. Тоа е спорт, тоа е бокс. Да, руските навивачи со задоволство ќе ја очекуваат оваа борба и некои ќе ме поддржат, други ќе бидат за него. И тоа е добро. Дали се чувствувам како добар боксер по оваа борба? Мислам дека сум на пат нагоре, но сè уште не сум го достигнал тоа ниво.

Бивол секогаш вели дека се пријавил за нашата борба. Во последните четири или пет години, им кажуваше на сите дека следниот пат ќе се бори со мене. Сега кога се борев рече дека веќе потпишал договор да се бори со мене. Како можеш да кажеш дека си потпишал договор да се бориш со мене кога ми претстои уште една борба?

Тој е единствениот што зборува за тоа и не му верувам. Не е добар човек, не му верувам. Бивол е добар борец. Го почитувам, но не е голем борец. Тој има еден појас и не може да биде голем борец во нашата дивизија. И јас не сум голем боксер, ниту тој.

Ќе дознаеме кој е најдобриот борец во оваа категорија. Искрено, моите деца навистина не знаат што правам. Знаат само дека сум боксер. Тоа е се. А 20-0 се должи на среќата“, изјави Артур за медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО