„Бесот на Црвеното Море“ ја разнесе мрежата (ВИДЕО)

Остануваат уште нешто повеќе од две недели до борбата на годината во светот на боксот. На 20 август Александр Усик ќе ги брани светските титули во ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО во реваншот со Ентони Џошуа. Судирот во Џеда се чека со огромен интерес и сите се прашуваат на кој начин ќе заврши овој пат.

Откако Украинецот му одржа лекција на Еј Џеј на нивната прва средба минатата година, среде Лондон, малкумина стручњаци сега го наведуваат Британецот како фаворит за враќање на појасите. Стиловите на двајцата се радикално различни, а тоа дополнително ја засилува интригата.

За да биде мечот уште повозбудлив, организаторите од Мечрум денеска го објавија и новото промо видео за дополнително да ги мотивираат навивачите и да го свртат вниманието за претстојната средба. Видеото е направено за време на последната средба меѓу Усик и Џошуа во Џеда. Нивната битка е опишана како „Бес на Црвеното Море“. Останува да видиме кој од двајцата ќе ги задржи нервите и ќе ја задржи присебноста кога ќе зачекори во рингот на 20 август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON