Бесир Алили ќе се бори за бронза на Светското првенство за младинци

Нашиот најдобар борач на Светското првенство за младинци (У-20) во Аман, Јордан, Бесир Алили ќе се бори за бронзениот медал. Алили во полуфиналето одлично се бореше со Индиецот Кумар Мохит, но загуби со туш во последните 90 секунди, притоа водеше со 6-3.

Претходно Алили извојува три победи на поени против исклучително силните противници Микола Ташохло од Украина 14-11, Емре Четин од Турција 6-4 и Рин Сакамото од Јапонија 3-0.

Шакир Беслими и Теодор Ѓеоргиев се поразени, но, Беслими може да добие шанса во репасажот, бидејќи Магамадов се пласира во полуфиналето, па со пласман во финалето ќе му даде шанса на нашиот борач.

Резултати СП во Јордан:

61 кг
Бесир Алили – Микола Ташохло (Украина) 14-11  квалификации
Бесир Алили – Емре Четин (Турција) 6-4
Бесир Алили – Рин Сакимото (Јапонија) 3-0
Полуфинале
Бесир Алили – Кумар Мохит (Индија) 6-8
За бронза
Бесир Алили –

86 кг
Шакир Беслими – Рахим Магамадов (Франција) 0-10 1/8 финале

125 кг
Теодор Ѓеоргиев – Јусиф Дурсунов (Азербејџан) 0-10 1/8 финале

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON