Aлександaр Усик откри кој според него е најдобриот ППГ боксер на денешницата

Во последно време многу луѓе се прашуваат кој е најдобриот ППГ боксер во моментов, а повеќето од нив се меѓу Теренс Крафорд и Наоја Инуе.

Еден од најдобрите борци во светот во моментов, Александар Усик, кој наскоро ќе ги брани шампионските појаси на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија против Даниел Дубоа, откри кој е според него „паунд фор паунд“ боксер.

„Првиот е Теренс Крафорд, а вториот Наоја Инуе“, изјави украинскиот боксер.

Многумина се согласуваат со Усик, додека други сметаат дека Јапонецот заслужува да биде на врвот на рангирањето.

Нема сомнеж дека и двајцата, секој од нив освојувајќи повеќе тежински категории, се фантастични и многу посебни боксери.

Всушност, поради двете неодамнешни одлични изведби, Инуе против Стивен Фултон и Крафорд против Ерол Спенс Јуниор, многу експерти посочуваат дека навивачите можат да уживаат во врвниот бокс.

Денес, од многумина Усик е рангиран како трет паунд фор паунд боксер, но Украинецот јасно стави до знаење дека се восхитува на вештините и сеопфатната способност на Крафорд и Инуе.

Лесно може сите тројца најдобри ППГ борци во светот уште еднаш да се појават во рингот.

Усик ќе ги брани трите појаси во тешка категорија на 26 август против задолжителниот предизвикувач на ВБА, Даниел Дубоа.

Се очекува Инуе во ноември да се бори со шампионот со два појаси во супербантам категорија, Марлон Тапалес, а засега единствено непознато е кој ќе биде следниот потег на Крафорд.

Во комбинациите е реванш со Спенс, но тоа најверојатно ќе се случи следната година и меч против Жармел Шарло, кој се бори со Канело на 30 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО