Берна Шерифовска се бореше за бронзата на Европскиот куп во Арад

211

Добар настап на Берна Шерифовска (-57 кг) на Европскиот џудо куп во Арад, Романија, која стигна до борба за бронзениот медал која ја загуи од Хрватката Ива Оберан со вазари и ипон.

Шерифовска во првото коло со ипон ја победи Рамона Микула од Романија, а пото со вазари загуби од Британката Леле Нерне која и обезбеди репасаж. Во првата борба од репасажот нашата репрезентативка беше подобра од Кјуона Кристи од Нов Зеланд со два вазари поени, а потоа и од Романката Андрада Секриеру.

Се очекува настапот на Артан Рушити (-81 кг) против Греманецот Килијан Гец.