Берат Јакупи: По повредата во Истанбул не сакам да ризикувам, а ќе патувам во Базел!

Berat i Simon

„Ќе патувам, но нема да се натпреварувам на „Базел опен“ во Швајцарија. бидејќи не сакам да ризикувам со повредата,  иако поканата е лична“, вели нашиот репрезентативец Бера Јакупи за поканата на актрактивниот карате турнир во Швајцарија, што ќе се одрж викендов.

Јакупи во полуфиналето заработи повреда во полуфиналето на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул од Турчинот Угур Акташ, при водство од 6-0, поради што не настапи во финалната борба за да се бори за златниот медал.

При водство од 6-0 Акташ со пета ме удри во устата, пришто заработив исекотина на горната усна и од надвор и од внатре, а ми беше поткачен и носот. Течеше многу крв и веднаш бев префрлен во болница, каде што останав 2-3 часа, така што немаше шанси да се вратам за финалето. Поради паузата не сум во топ форма и не сакам да ризикувам, бидејќи усната ми беше шиена. Оставм на лекарите да кажат кога ќе биде се во ред за почеток“, нагласува Јакупи.

Jalupi, emil i drugite na vrakanje od Istanbul

Тој во Премиер лигата ги победи  Симон Антиќ (-84 кг, Макпетрол) 2-1, па Ахмед Адбалах од Египет со 6-0, Иранецот Есхан Хејдери 2-0 и во полуфиналето со 8-0 (6-0 регуларен дел) го победи Турчинот Угур Акташ со дисквалификација.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО