Берат Јакупи: Ја санирав повредата, почнувам со тренинзи за Премиер лигата во Салзбург

карате
Секогаш во форма

Берат Јакупи закрепнува по повредата што ја доби на Балканското првенство во Истанбул, Турција, од турскиот репрезентативец Угур Акташ, кој му ја скрши носната р’скавица, и тоа по втор пат за неполна година, откако минатата година на „Истанбул опен“ го направи истото. Акаташ важи за еден од највалканите каратисти.

Берат Јакупи во борба со Угур Акташ
Берат Јакупи во борба со Угур Акташ

Сосема очекувано, и што е добро, нашиот репрезентативец Берат Јакупи нема викендов да настапи на Светскиот куп Лашко во Словенија.

„Со тренинзи почнувам од утре, бидејќи ја санирав повредата. По враќањето од Истанбул во Клиничкиот центар во Тетово ми беше направена операција на носот. Се чувствувам добро и почнувам со тренинзи. Нормално, „Лашко“ нема да учествувам, но Карате 1 Премиер лигата во Салзбург, Австрија, ќе бидам подготвен“, изјави Берат Јакупи за Ipon.mk.

Јакупи настапува во категоријата до 84 килограми и цврсто е решен да настапи на Европското првенство во Монеплје, Франција, и да освои медал.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО