Освојувачот на златен медал на Европското првенство (ЕП) во Коџаели, Турција, Берат Јакупи во машка и носителката на бронза на истото ЕП, Јована Георгиева во женска конкуренција, се најдобрите каратисти на Македонија во 2017 година во изборот на Карате федерацијата на Македонија (КФМ).
КФМ ги прогласи и најуспешните каратисти во останатите четирите возрасни категории (кадети, јуниори, помлади сениори до 21 година и сениори), каде што беа доделени вкупно 18 статуетки во кати и борби во машка и во женска конкуренција.
На доделувањето на наградите присуствуваше и најдобриот спортист на Македонија на 20. век и олимписки првак, борачот Шабан Трстена, кој додели неколку награди. Трстена и посака многу успех и среќа во новата натпреварувачка сезона и настап на ЛОИ.
Инаку, изминатата година беше една од најуспешните за КФМ, во која беа освоени првите медали по добивањето статусот на олимписки спорт на каратето. Годинава четири македонски репрезентативци (Берат Јакупи, Емил Павлов, Наташа Стефановска, Пулескенија Јованоска), станаа стипендисти на МОК, а лани КФМ го одбележа и јубилејoт „50 години карате во Македонија“
Најдобри по категории
Сениори (борби): Берат Јакупи и Јована Георгиева
Сениори (кати): Фери Исиќ и Пулексенија Јованоска
Помлади сениори-борби (до 21 год.): Петар Заборски и Ангела Мојсовска
Помлади сениори-кати (до 21 год): Глигор Станоев и Маријана Димоскa
Јуниори (борби) Фахик Весели и Симона Симовска
Јуниори (кати): Јован Васиќ и Киријана Камческа
Кадети (борби): Марио Свинарски и Марија Милева во кумите
Кадети (кати): Александар Неделковски и Владанка Аврамова
Тренер: Сашко Арсовски (КК Штип)
Клуб: Асиарт (Гостивар)