Берат Јакупи е вицешампион на Европа, а втор медал за Македонија

Берат Јакупи (-84 кг) го освои сребрениот медал на Европското првенство во Коцаеили, Турција, откако со судиско изјаснување загуби од Турчинот Акташ Угур при резултат 0-0.

Сепак, ова е голем успех за нашиот каратист по двете повреди токму од овој натпреварувач и втор негов медал од Европските првенства.

Да потсетиме дека Јована Геогиева пред неколку часа го освои бронзениот медал во категоријата до 55 килограми против Емили Туј од Франција (1-1).

Попладнево настапува и Сара Радичевска во борбата за бронзениот медал во катгеоријата до 50 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО