Берат Јакупи (-84 кг) го освои златниот медал на Медитеранските игри во Тарагона, Шапанија, кој е втор за Македонија по бронзата на Ненад Келебиќ.
Јакупи во финалето го совлада францускиот каратист Жеси да Коста со прв освоен поен, откако борбата заврши нерешено 2-2.
Берат претходно ги победи Мерис Муховиќ од Босна и Херцеговина, па италијанецот Микеле Мартина и во полуфиналето беше подобар од Србинот Дејан Цвркота,
Одличен настап на Берат Јакупи и најава за добар настап на Светското првенство и најава за решителна борба за онезнедување на виза за Олимписки игри во Токио 2020.
Резултати
-84 кг
Берат Јакупи – Мерис Муховиќ (Босна и Херцеговина) 1-1
Берат Јакупи – Микеле Мартина (Италија) 3-0
Берат Јакупи – Дејан Цвркота (Србија) 2-1
Финале
Берат Јакупи – Жеси да Коста (Франција) 2-2
https://www.instagram.com/p/BkbGSIQD7KP/
Ipon.mk