Бени Османоски: Си се заколнав дека не излегувам од рингот без појас, откако ми броеја!

Osmanoski beni so pojasot po borbata

По одбраната на светкста титула во мај тај на „Фајт 4 глори“ во шавјацарскиот Бил, Бени Османоски –Д Дог против Омер Кочак за Ipon.mk изјави:

„Ја добив борбата на поени 2-0. Во текот на борбата имав едно броење од судијата по една комбинација на противникот. За среќа, брзо се вратив и се заколнав самиот на себе дека нема да излезам без појас од рингот. Во продолжението се чуствував појак и му го вратив броењето со десно колено и десен удар во пределот на левиот бубрег.
Како што поминуваше борбата така и двајцата бевме поагресивни, но јас имав многу повеќе чисти удари“.
Еден судија гласал нерешено, а другите двајца победата му ја доделија на Бени.

Beni so sampinskiot pojas

„Сега сум двократен светски шампион“, констатира момчето од Октиси, Струга.

Бени им се заблагодарува на сите што му помогнаа да ја одбрани светската титула, на господ, фамилијата, на неговиот тренер и менаџер Роџер Руби, како што вели тој:„За неговата секојдневна  вложена работа во мене и верувањето дека заедно сме посилни од секого“.

Османоски му е благодарен и на неговиот противник, Омер Кочак, кој што се обидел уште еднаш да се бори против него.

„Се бореше до крај, со целата сила, но за негова несреќа, тоа не беше доволно да се победи еден светски шампион, кој се бори додека не го слушне ударот на гонгот.
Борбата беше интересна, и за нас во рингот и за публиката. Им пруживме жестока борба во секоја рунда. Ми беше чест и драго да се борам на овој настан. Во градот кај што живеам, во мојот втор дом. Мило мие што салата беше полна до последното место, така што се подржа и хуманитарната акција за заболените деца на најдобар можен начин“, категоричен е Бени.
Тој се надева дека и догодина ќе има голем спектакл на „FIGHT4GLORY“ и да биде уште поубаво.

Османоски истакнува дека за брзо време повторно ќе се најде во рингот, но уште не се знае точниот датум, ниту местото каде ќе се одржи.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО