Пред еден месец Бени Османоски ја освои светската титула на ИСКА во К-1. Османоски го освои појасот во К-1 на ИСКА Ворлдчемпион во Луцрен, Швајцарија, на „Луцерн фајт најт-гала микс тај бокс и К-1, совладувајќи го Абдел Мулај од Франција во категоријата до 82,5 килограми со нокаут во втората рунда.
Османоски деновиве е во родното Октиси, Струга, и се подготвува за новите предизвици што следат овој месец.
„Па моментално сум на подготовки во Македонија за следната борба во моето родно место Октиси. Се подготвувам со моите стари другати боксери. Секој ден тренираме максимално, кондиционо и технички, како и други тренинзи. На тренинг се тепаме меѓу себе како да сме најголемите противницни. Значи, нема милост во рингот додека тренираме, тоа за нас е успех“, изјави за Ipon.mk Бени Османоски.
Тој направи и фотосесија, како составен дел на настапите.
Ipon.mk/В.Д.