Бени Османоски: Глигор е многу добар борец со вистински тајландски стил!

gligor-stojanov-plakat-sam-za-efn-7

Глигор Стојанов (33, 27-6, 11 KO) е главната ѕвезда Елит фајт најт (ЕФН) 7 во мај тај на 24 септември во Софија, Бугарија. Во турнирот на четиримината струмичанецот Стојанов со Марсин Лепковски – Полска, Владимир Конски – Словачка и Сејфулах Хамбаходов – Чеченија, ќе се бори за учество на Кралскиот куп во Банког, Тајланд. Тој ќе се сретне со Хамбаходов.

Beni merenke R4W 2016

Еве што мисли уште една наша голема ѕвезда на овој спорт и на К-1 за Глигор Стојанов, Бени Османоски, кој исто така живее и се бори во Швајцарија.

„Што се однесува до Глигор, лично не се познаваме, но се допишувавме на Фејсбук, бидејќи тој живее во Тајланд, а јас во Швацарија, немавме прилика да се сретнеме. Сум гледал повеќе мечевии од него. Глигор е многу добар борец. Тој има вистински тајландски стил. Супер е! Значи, и технички подготвен. Па, му посакувам се најубаво и здравје и со победа да го заврши турнирот“, рече Османсики за Стојанов.

ELITE FIGHT NIGHT 7 – МАЈ ТАЈ:

Турнир за учесник на Купот на кралот:

Глигор Стојанов – Швајцарија/ Македонија

Марсин Лепковски – Полска

Владимир Конски – Словачка

Сејфулах Хамбаходов – Чеченија

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО