Фенсис Нгану го напушти УФЦ откако не успеа да се договори со промоцијата околу условите на новиот договор.
Поранешниот шампион во тешка категорија, без оглед на подобрите финансиски услови, го одби УФЦ, бидејќи не сакале да му исполнат некои други услови, како можноста за бокс мечеви.
Поранешниот борец во тешка категорија на УФЦ, Бен Ротвел, тврди дека промоцијата го одбила Камерунецот, бидејќи не сакал да ја повтори грешката на Конор Мек Грегор кој боксираше против Флојд Мејведер во август 2017 година.
„Можеби би се сретнале со Мек Грегор доколку сака да има посебни услови во неговиот договор, но некако сум сигурен дека после се што УФЦ мораше да помине со него, нема да дозволат такво нешто да се повтори“, изјави Бен Ротвел и продолжи:
„Не сакаат ништо што би можело да им ја намали заработката. И, за нив, тука завршува работата. Борците мора да страдаат и нема да го добијат тоа што го заслужуваат. Многу шампиони на УФЦ се задоволни со својата заработка, но тоа не се толку пари колку што мислат некои луѓе“.