Бен Аскерн го нокаутира Шиња Аоки и се пензионира со 18-0 (ВИДЕО)

Бен Аскрен (18-0) за помалку од една минута го заврши својот проштален меч и се пензионира непоразен.

33-годишниот Американец со технички нокаут за 57 секунди го победи Јапонецот Шиња Аоки (39-8) и по четврти пат ја одбрани титулата во велтер категорија на ОНЕ шампионатот во Сингапур.

По кратка размена на удари Аоки скокна и се обиде да го повлече гардот. Аскерн го фрли на подот и почна да го удира по што Јапонецот се скупчи и судијата ја прекина борбата.

Аскерн се пензионира со сооднос 18-0, а освен титулата на ОНЕ шампионатот, ја држеше и онаа на Белатор во велтер категорија.

https://youtu.be/8nKwKwFK1QE

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО