Белорусија се понуди да го спаси мечот меѓу Хабиб и Тони Фергусон

Кога ќе се одржи мечот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон? Ова е прашање за кое многу фанови се прашуваат и допрва треба да добијат одговор. Средбата меѓу двете најголеми sвезди на УФЦ беше закажана за 18 април, но шампионот Нурмагомедов објави дека не може да пета во САД заради мерките поврзани со корона пандемија. Ова бараше откажување на борбата, но се појави изненадувачка опција за мечот да се одржи во Европа, и тоа во Белорусија.

Вчера извршниот директор на Белоруската Федерација за мешани боречки вештини, Максим Королков, потврди дека земјата е подготвена да го прифати УФЦ 249. Тој додаде дека шефот на организацијата Дана Вајт е свесен за оваа можност.

„Да, дадовме официјален предлог до УФЦ преку нашите пријатели и посредници. Им објаснивме дека нема забрана за масовни настани во Белорусија. Исто така, дадовме поддршка за евентуалниот настан од страна на државата, претставена од Министерството за спорт”, објасни Королков .

„Добивме усен одговор од УФЦ. Ни се заблагодарија за предлогот и го вклучиле како план Б за настанот. Тие веќе имаат подготвено место за УФЦ 249, но Дана Вајт не сака да го открие тоа. Во секој случај, опцијата е Минск и ќе смета за потенцијален домаќин на идните турнири“, рече Королков.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО