Белју: Усик не е довлно голем, за да го победи Џошуа

Александар Усик ќе подигне во тешка категоријата и ќе се обиде да се сретне со Ентони Џошуа – тврди неговиот тим.

Непоразениот Усик (15-0) се смета за еден од најдобрите боксери во светот. Тој успеа да ги придодаде ИБФ и ВБА титулите на ВБЦ и ВБО, поразувајќи го во јули Мурат Гасиев со судиска одлука во Москва.

Овој месец 31-годишниот Украинец изјави дека е подготвен да се соочи со ИБФ, ВБА, ИБО и ВБО шампионот Џошуа (21-0).

„Штом почне да се натпреварува во новата категорија, ќего бара срцето на кралот. А кралот во моментов е Џошуа“, изјави Александер Красјук кој работи со Усик.

„Можеме да очекуваме средбата меѓу нив да биде навистина импресивна“.

„Ќе се потрудиме дебито во новата категорија да го направиме до крајот на годината“.

Пред се, се очекува Усик да се сретне со поранешниот светски шампион Тони Белју на 10 ноември.

„Белју не е некое си дете, за да биде лесно нокаутиран. Не треба да го омаловажуваме. Ако Усик победи, сигурно ќе се качи во тешка категорија“.

Но, Белју верува дека Усик е премногу мал за да се смета за закана на Ентони Џошуа.

„Не мислам дека има вистинска големина“, вели Белју.

„Можеби тоа е стил, но не и големина. Ентони станува сé попочитуван по секоја средба, а не е совршен борец, но учи од секоја борба“.

„Усик сакаше оваа средба да биде во тешка категорија. Тој е следниот што сака да стигне до ЕЏ, но нема да го добие туку-така, како што мисли“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON