Иако меѓу нив е голема физичката разлика, Тони Белју е убеден дека ќе го победи Тајсон Фјури.
Белју е висок 191 сантиметар, тежи околу 95 килограми и има опсег на рацете од 188 сантиметри. Фјури има два метри и пет сантиметри, за следната борба треба да биде помеѓу 115 и 120 килограми и растојанието на рацете му е дури 216 сантиметри или 28 сантиметри подолго од она на Белју.
При овие коментари треба да се има во предвид дека овие борци имаат различни промотори, за Белју е задолжен Еди Херн, а Френк Ворен за Фјури.
35-годишниот ливерпулски боксер е во преговори за борба со неприкосновениот владетел на лесно-тешка категорија Александар Усик.
„Ви велам, ако се борам со Усик, тоа ќе биде мојата последна борба, бидејќи со неа доаѓа и сериозна цена“, изјави Белју за Скај спорт.
„Ако Тајсон Фјури ми биде следниот противник тогаш би можел да се борам уште еднаш, затоа што да го победам Тајсон Фјури ќе биде многу полесно отколку Усик. Без сомнение. Совршено разбирам во што се впуштам. Тоа е многу тешка и опасна борба“.
„Од неа може да се излезам како друг човек, можеби никогаш повеќе нема да бидам истиот. Но, ќе ви кажам една работа, ќе победам. Не знам како, не знам кога ќе се случи тоа, но јас знам дека ќе го добијам“.