Денеска во Охрид завршуваат подготовките на карате репрезентацијата на Македонија за сениорското Европско првенство во Истанбул од 19-22 март.
Го прашавме теренерот на репрезентацијата во борби, Петар Белистојановски, како помина подготовките и дали е се во ред со здравствената состојба, однонсо дали има повреди?
-Припремите поминаа супер,се работеше на техничко-тактички моменти. Атмосферата е одлична, сите се во добра форма и со нетрпение чекаат да почне првенството. Повредени нема, – изјави Белистојановски.
По завршувањето на Балканското првенство во Чачак, кај тренерот на репрезентацијата имаше дилеми за некои решенија во екипниот дел.
-Покрај тие што се во поединечна конкуренција Емил Павлов, Дејан Црничиќ, Иво Цветковски, Симон Антиќ и Мартин Несторовски, за екипата ќе настапат Берат Јакупи, Виктор Крстевски, Тодор Ристески, како и натпреварувачите од поединечна конкуренција. Кај девојките и поединечно и екипно ќе настапат: Симона Заборска,Наташа и Моника Стефановски и Драгана Тодорова, – истакна тренерот на репрезентацијата.
На минатогодишното Европско првенство Емил Павлов стана европски шамион во категоријата до 60 кг.
ipon.mk/В.Д.