Од Светското првенство во карате во Бремен, Германија, имавме големи очекувања, бидејќи на Балканското првенство во Охрид златни медали освоија Емил Павлов, Тоде Ристески, Иво Цветковски, Берат Јакупи, како и женскиот ката тим, додека Симона Заборска беше второпласирана, а репрезентацијата во борби (мажи) трета. Претходно Берат Јаупи и Жарко Арсовски станаа победници на Карате 1 Премиер лигата. Емила Павлов е актуелен европски првак, кој, впрочем, го имаше и најдобриот паласман, пето место.
Очекувањата беа големи дека ќе освоиме барем еден медал. Тоа го покажуваа и анкетите на ВКФ.
Дали се згреши во темпирањето на формата, бидејќи некои репрезентации ги скокна Балканското првенство и Премиер лигата, како Турција, која освои 2 златни и 3 бонзени медали? Дали после ова ќе следуваат прромени во репррезентацијата?
– Ова беше најквалитетно и најмасовно Светско првенство досега, каде што немаше слаби
противници и секој можше да го победи секого,- е првичниот впечаток на тенерот на репрезентацијата во борби Петар Белистојановски, кој вели дека е задоволен од настапот на репрезентативците.
– Сите беа во најдобра форма. Но, жал ми е што не успеавме да стигнеме до медал. Некаде не не сакаше жребот, некаде среќата. Не се склопија коцките. Емил беше најблиску. За прв пат на светско првенство имавме полуфиналист. Но тоа е, таков е спортот,-0ценува Белистојановски.
http://youtu.be/tdyTBeZXILA
ipon.mk/В.Д.