Белфорт: Без ТРТ терапијата е прекрасно!

Vitor-Belfort-vs-Luke-Rockhold-UFC

Витор Беллфорт е симбол на ТРТ терапијата, но откако веќе не можеше да ја користи, познатиот бразилски УФЦ-овец не се жали премногу. Во интервју за СпортТВ.Феном тврди дека без ТРТ терапијата се чувствува „прекрасно“.

 За настап против Крис Вајдман на УФЦ 184, кој е закажан за 29 февруари следната година. Белфорт се подготвува без тестостерон, кој вообичаено го зема на рецепт.

 „Ова е подобро за мене. Тој третман ме замараше и ми пречеше. Сега сум посилен, полесен и побрз“, рече Белфорт и додаде дека ТРТ терапијата му е препишана од страна на д-р Фернандо Арбекс.

 „За мене, забраната за ТРТ е одлична работа. Убава. Не е битно што покажуваат наодите на мојата крв. Битно е, што е во мојата глава. ТРТ ги забранија? Не е проблем. Во 2014 година подобрив некои техники. Знам дека е тешко да се поверува во тоа, но, сега сум уште подобар. Ги унапредувам моите техники, удари, издржливост, граплингот, силата и нозете“, заклучува поранешниот шампион во УФЦ.

 Дали Белфорт е искрен или не, тоа е негова работа и останува сами да процентие дали е така, но на ММА спортот му треба „прочистување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON