Белатор со намера да му ја исполни големата желба на Федор Емилијаненко: Тоа е планот!

Полека се подготвува сцената за опростување на еден од најголемите борци на сите времиња.

Се чини дека Скот Кокер и Белатор ќе направат се што е во нивна моќ да ја исполнат големата желба на Федор Емелијаненко и да го организираат неговиот проштален меч на руско тло.

Спрема пишувањето на ТАСС, познатиот ММА борец планира да го одработи  последниот меч во Москва. Барем тоа е информацијата што ја доби руската новинска агенција од претседателот на Белатор.

„Да, тоа е план“, потврди Кокер кога го прашале дали е изводливо.

Иако за пензионирањето на Федор веќе долго време се расправа во боречеките кругови, минатата недела 43-годишниот Русин откри за истата агенција дека верува дека сè уште не ја завршил својата приказна.

„Мојата спортска кариера полека завршува, иако имам намера да направам повеќе мечеви. Но, времето ќе ни каже сè. Сè зависи од тоа како ќе се чувствувам и колкава ќе биде мојата желба да се борам“.

Минатата година Емелијаненко најави проштална турнеја во која би биле вклучени три борби, при што една од нив да се организира во Русија. Во декември 2019 година, Федор го направи првиот од овие три настапи и го нокаутира Квинтон Џексон за помалку од три минути во Саитами, Јапонија.

Тоа беше 39-та победа во неговата богата кариера која брои уште шест порази и еден „без одлука“.

„Последниот император“на 28 септември ќе го прослави 44 роденден, а се очекува неговиот нов настап на борилиштето да го гледаме пред крајот на 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON