Вердум: Пак ќе го завршам Федор Емилијаненко во првата рунда

Фабрицио Вердум верува дека би можел уште еднаш да го победи легендарниот Фјодор Емелијаненко. Тие се бореа пред 10 години, кога Федор беше страв и трепет во тешка категорија и во серија од 27 последователни победи. Легендарниот Русин не ја знаеше горчината на поразот цела една деценија, но опасниот Бразилец го заврши за 69 секунди и го шокираше светот.

43-годишниот ветеран од Бразил во моментов е слободен агент и бара профитабилни понуди од ММА организации. Кон крајот на минатиот месец, Вердум се врати на победите совладувајќи го Александар Густафсон.

Фабрицио има скор 24-9-1 во ММА и завршница над 18 ривали. Верува дека може да се бори 3-4 пати годишно во наредните 2 години. Во интервју за медиумите Вердум рече дека е подготвен за нова битка со Емлијаненко и верува дека повторно ќе ја заврши во првата рунда.

„Благодарен сум на УФЦ затоа што ми дадоа многу работи и исто така им дадов многу. Имавме добра соработка. Понекогаш не се согласувавме, но не беше сериозно. Сакам да им се заблагодарам за сè, но сега е време за нов чекор. Ќе правам големи битки. Имам уште две години пред мене во ММА и сакам суперборби. Долго време имам почит кон Федор Емелијаненко. Никогаш не сум кажал ништо лошо за него во животот.

Верувам дека во втората борба повторно ќе ја завршам во првата рунда. Тоа е историја за спортот и многу го почитувам. Го победив во 2010 година и го шокирав светот. Сега пак можам да го сторам тоа. Верувам дека повторно ќе го завршам во првата рунда затоа што сум многу уверен. Сакам да се борам. Почитувањето е прво, но верувам дека повторно го завршувам во една рунда. Моето мислење е дека Емилијаненко е најголем.

Тој не зборува многу и никогаш не речкол лоши работи за мене. Миочиќ денес е шампион, но најголем на сите времиња е Федор. Верувам дека можам да ги победам сите. Можам да ги победам Џон Џонс, Емелијаненко и Брендон Вера. Можам да правам 3-4 битки годишно. Го чекам мојот менаџер да си ја заврши работата. Можам да се борам во октомври или ноември“, рече Вердум.

https://www.instagram.com/p/CEXJQmGDOmB/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО