Белатор не им дава шамипонски борби на Русите

Руската ММА ѕвезда на Белатор, Анатоли Токов, рече дека организацијата нема да им дава шампионски борби на Русите.

Оваа одлука ја донесоа сопствениците на Белатор. Не е тешко да се посочи причината за оваа санкција. Причината е војната меѓу Русија и Украина која трае повеќе од еден месец.

Се очекуваше Токов во јуни да се бори за титулата во средна категорија со Гегард Мусаси. Тој дури доби понуда од Белатор, кој подоцна се повлече и така во блиска иднина нема да дава шампионски мечеви на борци од Русија.

Токов има скор 30-2 во ММА и е во серија од 6 последователни победи. Се уште нема пораз во Белатор. Анатоли заврши 23 од борбите. Годинава се очекува да добие борба, но нема да биде за титулата.

„По октомври ни беше ветено меч за февруари, но како и обично, поради некоја причина американските борци одбиваат да се борат. Не знам зошто толку се плашат од Русите. Тогаш Федор зборуваше за мене, но сите одбија. Белатор понуди борба за појас во јуни. Се разбиравме и не чекавме други битки.

Неодамна ни кажаа дека Русите не можат да се борат за титулата и затоа нема да ми дадат меч за титула на 24 јуни, но ми ветуваат дека ќе ми дадат уште еден меч.

Сè уште не знам со кого. Таму е претседателот на организацијата Скот Кокер, има вработени и не им пречи. Луѓето кои го поседуваат Белатор рекоа дека нема да им дадат шанса на Русите за титулата.

Немков и Кори Андерсон? Прво, Вадик сè уште има појас. Тие имаа закажана битка пред сите овие санкции и затоа тоа го дозволија. Велат дека одамна најавиле, билетите се веќе продадени“, изјави Токов во интервју на Јутјуб каналот на Весник ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON