Белатор има голем интерес за Френсис Нгану

Претседателот на Белатор, Скот Кокер, рече дека неговата организација е во преговори со поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану (17-3).

Нгану одлучи да не го продолжи договорот со УФЦ. Кон крајот на минатиот месец тој ја ослободи титулата и ја напушти организацијата. Френсис одби 8 милиони долари за борбата со Џон Џонс. Тој беше загрижен дека акциите ќе му паднат ако ја изгуби битката со „Коски“.

Нгану сега е најбараното име во ММА организациите. Понудите се слеваат од сите страни. Скот Кокер има одврзани раце за него и рекол дека ќе го пушти да се бори во бокс, што е и големата цел на Предаторот.

„Се разбира, секогаш постои интерес за слободен борец на тоа ниво. Френсис е човек за кој имаме голем интерес. Во дијалог сме и се надевам дека ќе го видиме наскоро.

Нгану би бил одличен додаток за секоја организација. Мислам дека би биле одлични еден за друг, бидејќи Шоутајм има бокс. Може да се бори овде и во бокс“, изјави Кокер за ММА Час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON