Белатор 302: Поранешен УФЦ борец славеше по 5 рунди доминација во борење, Фреир ја одбрани титулата со прекин

Белатор ММА официјално се врати со својот прв самостоен настан под сопственост на ПФЛ. Настанот Белатор 302 се одржа во ССЕ арената во Белфаст, Северна Ирска. Кори „Овертајм“ Андерсон и Карл Мур се бореа во борбата на вечерта сободната титула во полутешка категорија. Тоа беше трета можност за Андерсон да го освои појасот, а со ова ја забележа втората победа во низа по поразот од Вадим Немков во 2022 година. Од друга страна, ирскиот борец Мур e без пораз од 2018 година по четири последователни победи.

„Овертајм“ славеше со едногласна одлука на судиите по пет рунди во многу еднострана борба. Вистинската школа за борење на Андерсон му послужи на ирскиот предизвикувач со дури осум успешни соборувања и преку 80 значајни удари во партер. Мур добро се бранеше и успеа да застане на нозе повеќе од еднаш со помош на жицата или експлозивни вртења, но Андерсон брзо ќе го спуштеше назад. Во третата рунда имаше возбуда кога Мур дојде на неколку сантиметри од победата фаќајќи го Андерсон во армбар. Иако дојде до целосна екстензија на раката, американскиот борец успеа да се извлече и продолжи да доминира со својот противник. До крајот на борбата судијата мораше неколку пати да интервенира поради неактивноста на борците. Андерсон покажа кондиција и боречка супериорност и го одржуваше притисокот до самиот крај на мечот.

Во конасловната борбата на вечерта шампионот во перо категорија Патрисио Питбул го одбрани појасот против Џереми Кенеди. Гледавме интересен и доминантен меч со удари. Откако Питбул тесно ја однесе првата рунда, а Кенеди втората, во третата рунда и двајцата борци се отворија и се обидоа да ја завршат борбата. Голема улога одиграа ударите во телото, поради нив Кенеди ги спушта рацете и Питбул ја наоѓа својата цел со која го соборува противникот. По придружните удари на подот, судијата го прекинува натпреварот и Питбул слави со технички нокаут.

Во продолжение погледнете ги резултатите од другите натпревари и начините за победа.

Белатор 302 – резултати:

Главен дел
Кори Андерсон – Карл Мур со едногласна одлука (49-46, 49-46, 50-45) – за слободниот појас во полутешка категорија
Патрисио Питбул (в) – Џереми Кенеди од TKO, Р“, 4:07 – за титулата во перо категорија
Фабијан Едвардс – Арон Џефери со едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Леандро Хиго – Џејмс Галагер со едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Маноел Соуса – Тим Вајлд со нокаут, Р1, 4:48

Прелиминарен дел
Сијаран Кларк – Дариус Мафи со завршница (давење со рачен триаголник), Р3, 0:41
Алфи Дејвис – Оскар Оунсворт со едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Лук Тренер – Грант Нил со едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Нејтан Кели – Викас Синг Рухил со нокаут (лакт), Р1, 0:40
Абрахам Баби – Исаја Пинсон со едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Нејт Кели – Џордан Елиот со завршница (армбар), Р1, 1:48 – аматерски меч

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО