Колку го сакаат луѓето Ник Дијаз покажува и фактот дека Белата куќа ќе мора да го разгледа случајот на Дијаз и Спортската комисија на Невада.
Случајот борецот кој е суспендиран на пет години поради третото паѓање на тестот на марихуана ги собра љубителите на мешаните боречки борби и познати личности, кои ги собраа потребните 100.000 потписи за петицијата. Покрај петгодишната суспензија на Дијаз, Комисијата го казни и со 165.000 долари.
Неговиот противник од УФЦ 183, Андерсон Силва, кој беше позитивен на стероиди, беше осуден на една година и може да се врати уште во февруари следната година.
Одлуката предизвика огорченост во боречките кругови, а навивачите покренаа петиција до администрацијата на Барак Обама и побара укинување на казната. Има само три дена до истекот на времето за собирање на потписи и се чинеше дека ќе недостасуваат околу 15 илјади потписи, но последниот бран на поддршка ја однесе петицијата до потребните 100.000 потписи.
Ник Дијаз ќе се обиде пресудата на НАК да ја укине и на суд.