Бехар Мамути (-70 кг) го победи Узбегистанецот Сардор Дастиров вопрвото коло на фестивалот во Париз, Франција, во неолимписки боречки дисциплини „пахлавани кошти“ и „кореш“, кои се многу атрактивни боречки дисциплини, но непознати на нашиве простори.
Во второто коло водеше со 1-0 против Артур Зулкарнаев од Русија, но се повреди по обостран судир на колената и борбата за него заврши, а Русинот го освои првото место. Поради повредата мамути не можеше да се бори за третото место.
На овој феситвал учествуваат Тефејуз и Вардар, утре е последниот натпреварувачки ден.
Кореш – борби на појас.
Ipon.mk/В.Д.