Бехар Махмути замина за Унгарија на ЕП за У-23 (ФОТО)

Бехар Махмути замина за Унгарија на Европското првенство за У-23 во Шомбатељи, под водство на тренерот Суфијан Исмаили.

Тие беа испратени претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, Бетим Вренези и од спортскиот директор на федерацијата, Страшо Глигоров.

Официјално Махмути е единствениот учесник од Македонија на Првенството за У-23 во Шомбатељи-Унгарија, од 28 март до 2 април.

Раководните луѓе на ФБСМ посакаа среќен пат и надеж за добар резултат.

Владимир Егоров е во Унгарија и на некој  начин стигна до уверение дека може да настапува, но денеска не  беше мерен и жребуван. Најверојатно, ОБС ја има прифатено забелешката на ФБСМ дека само таа е надлежна да акредитира борачи и тренери.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON