ББФФМ: Бодибилдингот и фитнесот неоправдано се обесправени, работат по сите протоколи

На 09 април 2021 година на барање на ББФФМ се одржа работен состанок помеѓу, Комисијата за работа во услови на пандемија при ББФФМ во состав: м-р Ирена Митровска, м-р Мартин Видоевски, како членови на комисијата и Бобан Ѓороски како претседател на Комисијата и Федерацијата, од една страна и Силвија Митевска, советничка за спорт на премиерот на Владата на РС Македонија, како домаќини организатор на средбата и Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Средбата се одржа преку видео-конференција на интернет. После краткото претставување на членовите на Комисијата при ББФФМ од страна на Претседателот Бобан Ѓороски се пристапи кон решавање на неколку болни точки, поврзани со моменталната забрана за работа на фитнес клубовите и тековните проблеми кои федерацијата се обидува да ги реши во последните неколку години, поврзани со незаконско работење на голем дел од бодибилдинг и фитнес клубовите на територијата на Македонија, поради не усогласеноста со Законот за спорт и работење без соодветно Решение за вршење дејност спорт, како и ангажирање на не соодветни стручни лица, тренери/инструктори во клубовите.

Работниот состанок започна со излагање на Претседателот на ББФФМ, кој се заблагодари на можноста за оваа средба и изрази надеж дека средбата ќе биде сопозитивен исход. Претседателот на ББФФМ се задржа на три главни точки по кои побара да се разговара, да се даде мислење и изнајде решение за истите. На самиотстарт од дикусијата кажа дека ја разбира загриженоста на надлежните и нивната одлука, но со истата не се сложува во целост, од причина што ние сме за мерки и котрола во работењето, со цел спречување на можноста од ширење на заразата, но никакво целосно затворање, од причина што фитнес центрите во текот на целиот период работат под целосно почитување на протоколите за работа, дадени од странана КЗБ, а по иницијатива на федерацијата. Револтот беше искажан и во селективноста, која беше неразбирлива, по која одлука и со кои протоколи екипните, по природа контакт спортови продолжија со своите тренинзи и во затворен простор,

Додека нашите клубови се затворени, а нашите членови и репрезентативци обесправени. Но и со лига натпреварите?! Зашто бодибилдингот и фитнесот не се со ист критериум, судејќи според одговорот на барањето кое федерацијата го испрати на 6-ти април, на самиот ден на затворањето до претседателот на КЗБ, д-р Караџовски, кој беше негативен за можноста регистрираните натпреварувачи под строга котрола и мерки да продолжат со своите тренинзи, како и забраната за организирање на бодибилдинг и фитнес натпревар во наредните 14 дена. Втора точка беше толкувањето на Законот за спорт и издавањето и потребата од имање на решение за вршење дејност спорт. Причината за тоа е фактот што од вкупно 400 субјекти кои во Македонија работат во полето на бодибилдингот и фитнесот, само 30 имаат решение за вршење на таа дејност. Самиот закон укажува на тоа дека секој кој ќе се регистрира и ќе сака да работи во спортската дејност, е должен да во рок од 30 дена од регистрацијата, исполнувајки минимум услови поднесе барање за издавање на решение за вршење на соодветна спортска дејност, а немање на таков документ се казнува со 5000 евра глоба. Решението го издава Агенцијата за млади и спорт.

Сето тоа повлекува и друг проблем, а тоа е и ангажирањето на стручни лица во овие клубови, а знаеме дека со нестручно тежинско тренирање можеме да ги доведеме граѓаните до трајни физички повреди и деформитети, а советите за исхрана кои се составен дел од таа целина, дадени од нестручни лица и несоодветни за одредени индивидуи, особено оние со хронични заболувања, можат да предизвикаат огромни здравствени проблеми. Секој ваков проблем веднаш во преден план ја исфра работата и контролата на надлежната федерација, која за жал може да влијае во работењето само на оние клубови кои се нивни членови и имаат соодветно решение за вршење дејност. Побарана е помош за конечно решавање на овие проблем еднаш за секогаш, каде ќе се има регистар на клубови и стручни лица.

За крај е побарано да се издејствува можност регистрираните натпреварувачи и клубовите членови на федерацијата веднаш да продолжат со своите редовни активности и тренинзи, да се дозволи непречено реализирање на програмата со одржување на квалификационен првенствен натпревар, каде ќе можеме да избереме репрезентација која достојно ќе не преставува на меѓународните првенства кои се на прграмата во месец мај и јуни. Комисијата за работа на федерацијата и незините клубови во услови на пандемија, во изминатиот период преку своите извршени контроли во клубовите кои се дел од федерацијата, утврди дека се работи под строга примена на протоколот за работење со цел спречување на ширење на заразата и тврди дека во изминатиот период клубовите кои членуваат во федрацијата не преставуваат опасност за ширење на заразата и не постои кластер теретана.

Преставниците на надлежните институции во спортот во РС Македонија изразија големо разбирање за нашите проблеми и ветија дека ќе се заложат за нивно целосно и брзо решавање.

За крај, бараме од КЗБ да ни даде мислење и коментар зашто бодибилдингот и фитнесот се ставени први на удар, ни се забранети секакви активности, а во меѓувреме сме сведоци за настани за кои немаме разбирање со кои одлуки и по кои протоколи работат, а кои се дијаметрално спротивни и драстично поопасни во ширењето на заразата од нашиот спорт. Да не бидеме погрешно разбрани, немаме против ниту една федерација и напротив, го поздравуваме нивното функционирање и практикување на спорт и во овакви пандемиски времиња и услови, но сме против селективни забрани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО