Македонскиот кумите тим – мажи во конкуренција за јуниори до 21 година стана балкански шампион во Софија, Бугарија. Нашата репрезентација во финалето ја совлада репрезенатацијата на Србија со 11-6.
Ефремов, Ќосовиќ, Крствески, Исмаил, Мисини, Петрески и Ристевски на патот до шампионската титула ги совладаа репрезенатциите на Кипар со 3-0 и Хрватска 3-2.
И женскиот ката тим за жени до 21 година го освои златниот медал.
Во женска конкуренција до 21 година нашиот тим го освои бронзениот медал.
Јуниорите во борби во финалето беа совладани од репрезенатцијата на Србија.
Илија Андоновиќ во категоријата до 52 килограми во кадетска конкуренција го освои бронзениот медал, исто така и Роберто Ачковски во категоријата до 63 кг се закити со бронзен медал. Со бронзени медали од Софија се враќаат и кадетките Вероника Костовска (-54 кг) и Емилија Јаниќ (+54 кг).
Женскиот и машкиот ката тим за кадети и јуниори ги освоија третите места, како и женската репрезентација во борби до 21 година.
1 | TURKEY | TUR | 15 | 5 | 10 | 30 |
2 | SERBIA | SRB | 7 | 14 | 20 | 41 |
3 | BOSNIA AND HERZEGOVINA | BIH | 7 | 4 | 15 | 26 |
4 | CROATIA | CRO | 6 | 7 | 10 | 23 |
5 | FYR of Macedonia | MKD | 3 | 6 | 17 | 26 |
6 | BULGARIA | BUL | 3 | 1 | 4 | 8 |
7 | MONTENEGRO | MNE | 2 | 3 | 6 | 11 |
8 | ROMANIA | ROU | 0 | 2 | 1 | 3 |
9 | ALBANIA | ALB | 0 | 1 | 1 | 2 |
10 | GREECE | GRE | 0 | 0 | 1 | 1 |