Бoрачите на Балканец го освоија третото место во екипна конкуренција на Меѓунардиот турнир во Катунци, Бугарија, кој се одржа вчера, а екипата на тренерот Давор Тасев настапи со 19 борачи. Штипјани освоија 12 медали во три возрасни категории – 3 златни, 4 сребрени и 5 бронзени.
Во конкуренција за деца и подготвителна група најмладите борачи на Балканец во категорија до 30 кг оставрија еден-три победа: прво место Марио Ананиев, второ Леон Манов и трето Леон Стојанов; додека Тео Стојков (+42 кг) е прв, а Никола Гацов (+45 кг) трет.
Во пионерска конкуренција соа 4 2кг исто така еден-три победа Ненад Панов е прв, Стефан Стерјов и Никола Трајчев се втор и трет.
Во кадетска конкуренција во категоријата до 60 кг Давид Мишев го освои сребрениот медал, а Филип Тасев бронзениот, Филип Стојков (-76 кг) е трет и второ место за Петар Тодев (-85 кг).
На тунирот учетсвуваа околу 80 борачи од Бугарија, Косово, Грција и Македонија – Бучим, Блаканец и Безбедност.
Ipon.mk/В.Д.