На меѓународниот турнир „Мпозиан Георгиоу“ кој се одржа во Солун викндов тројца борачи на БК Балканец се бореа за трето место.
До 47 кг Филип Тасев, Џан Демиров (-54 кг) и Дарко Иванов (-85 кг) беа поразени во борбата за трето место и го освоија 5-тото место.
„На турнирот учествуваа екипи од осум земји и во секоја категорија имаше силна конкуренција со преку десет натпреварувачи. Следен турнир на кој ќе учествуваат младите борачи на БК Балканец ќе биде турнирот во Јамбол, кој ќе се одржи на 22 и 23 април“, велат од БК Балканец.
Ipon.mk/В. Д.