Балканец најуспешен на Државното изборно првенство во У-20

Балканец денеска беше најуспешен на Државното изборно првенство за борачи до 20 години во Прилеп со 3 златни, 3 сребрени и 5 бронзени.

На второто и третото место се екипите на Лирија и Бучим.

Борачките на Балканец во екипен пласман го зазедоа третото место со три медали – 1 златен, 1 сребрен и 1 борнзен.

Ова е пласманот на борачите на Балканец:

Златни медали
70 кг Дарио Димитров
97 кг Фадил Назифов
125 кг Тодор Георгиев
Ива Петрова

Сребрени медали
86 кг Ненад Панов
97 кг Давид Трпчевски
125 кг Драган Велинов
Глорија Атанасова

Бронзени медали
57 кг Стефан Штерјов
61 кг Давид Миленковски
97 кг Христијан Коцев
97 кг Илија Нацев
125 кг Мето Тасев
Антонела Коцева

Боречаката федерација на Македонија ќе треба да покаже поголема ажурност, вака испаѓа како да работат во некое друго време. Или, не ги интересира правовременото информирање, кое наштета на сите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО