Балканец го освои „Трофеј Побендик“ во Белград, а во Петрич бронзен медал

Борачите на Балканец vвикендов настапија на два меѓународни турнир, при што освоија повеќе медали. На Меѓународниот турнир „Трофеј Победник“ во Белград на кого учествуваа преку 150 борачи од 8 држави, Балканец во генерален пласман го освои првото место и беше прогласен за најдобар клуб на турнирот, односно го освои „Трофеј Победник“ втора година по ред.

Борачите на Балканец ги постигнаа следните резултати:

25 кг Лука Николов – прво место
37 кг Дарио Ѓуров – прво место
37 кг Христијан Нацев – второ место
40 кг Лука Ананиев – прво место
48 кг Андреј Мишев – прво место
52 кг Никола Гицев – прво место
68 кг Фаик Мемедовски – второ место
75 кг Зоран Шоров – второ место
80 кг Никола Кертков – трето место
85 кг Јован Стефанов – прво место
110 кг Тео Стојков – прво место
50 кг Бојана Ковачова – прво место
58 кг Викторија Ѓурова – второ место
62 кг Мелани Митевска – прво место

Со екипата на Балканец настапија и двајца борачи од БК Спартак кои освоија:

60 кг Даријан Павлев – прво место
68 кг Павел Темелков – прво место

Екипата беше предводена од тренерите Ангел Стефанов и Иван Анакиев.

А, на Меѓународниот турнир „Венцислав Полизоев“ кој втора година по ред се одржува во Петрич во организација на БК Беласица-Петрич 2021, Јован Атанасов освои бронзен медал.

На турнирот настапија преку 150 борачи од девет екипи од Македонија и над дваесет екипи од Бугарија.

Борачите на Балканец освоија:

2006-2007 кадети
65 кг Јован Атанасов – трето место

2012-2013 деца
32 кг Лука Јачевски и 47 кг Никола Пешев ги освоија петтите места во своите категории.
Екипата беше предводена од тренерот Константин Шоров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО