Балакнец на нозе во чест на младите борачи по настапот на Балканското првенство (ФОТО)

Вечерва во просториите на Балканец беше приреден достоен пречек на најмладите, кои се вратија со три медали од Балканското првенство за деца и кадети во Словенија.

Пречекот го приредија раководството на клубот и легендите на македонското борње, трикратниот олимпиец, Зоран Шоров, Виктор Богданов – претседател на Балканец, Томе Коцев, Мики Тодоров, Марјан Лазаров., родители на младите борачи, но и комплетната пионерска екипа.
Пионерите на Балканец се вратија со три медали од поединечна конкуренција и и уште по две медали -златни и сребрени од екипните натпревари.

Ги поздравија претседателот на Балканец, Виктор Богданов и трикратниот олимпиец Зоран Шоров, кој беше заедно со својот син Констатин, поранешен борач, и внукот Зоран Шоров, член на пионерската екипа на Балканец.

Со долготрајни аплаузи беа пречекани пионерите, учесници на Балканското првенство во Словенија. Ги снимивме носителите на медали Ненад Панов, Стефан Штерјов, Филип Тасев и Дарио Димитров, со тренерот Давор Тасев, селектор на македонската пионерска репрезентација.

„Ова е голем успех за Македонија и Штип. Докажавме дека работата со најмладите донесува и резултати. На ова нема да застанеме. Имаме прекрасна соработка со Лирија. Ќе има нови медали“, рече претседателот на Балканец, Виктор Богданов.
Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО