Балканец со нови тренери до нови успеси

Dejan Bogdanov vo strasntvo
Познато е дека Балканец, најтрофејниот клуб во Македонија, има ново раководство. Иако нема многу информации од клубот, сепак, најновите зборуваат дека има и нови тренери.

Порано јавноста беше информирана дека шеф на стручниот штаб е трикратниот олимпиец, Зоран Шоров, а прв тренер Дејан Богданов, носител на медалиод Медитернаските игри и Европското првенство за млади и кадети.
„Се подготвуваме за Изборното првенство во Радовиш, на 13 февруари, сабота. Тоа ќе биде прво Изборно првенство за сениори. Ние имаме млада екипа, па резултати треба да очекуваме по мај годинава. Кога сум кај Балканец, да истакнам дека деновиве на 60 борачи доделивме опрема“, вели Дејан Богданов.
Првиот тренер не информира дека има и нови тренери во клубот.
„Претходниот претседател и тренер, Добре Маринков е разрешен. Во клубот со младите борачи работат Гордан Николов, Давор Тасев и Миќи Тодоров“, истакнува Дејан Богданов.

Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО