Мартин Баколе ја покажа својата сила минатиов викенд на боксерски настан во Лос Анџелес, каде што го победи Џаред Андерсон со прекин во петтата рунда.
Конгоанскиот тешкаш ја прекина победничката серија на големата американска боксерска надеж, а по мечот побара меч против Тајсон Фјури или Александар Усик.
Баколе истакнува дека елитните тешкаши со години го избегнуваат, а Андерсон погрешил што ја прифатил борбата против него, бидејќи не бил подготвен за толку силни удари.
„Има вештина, погреши што стоеше. Голем човек, може секому да ја земе силата во спаринг и борба, но не и јас, така му кажав“, изјави Мартин Баколе и додаде:
„Направија голема грешка, а јас покажав зошто сите ме избегнуваат. Јас сум најопасниот човек“.
Силниот Конгоанец потоа се сврте кон потенцијалните противници, и побара меч против еден од двата најголеми светски тешкаши во овој момент, кому реваншот им претстои на 21 декември.
„Сакам големи имиња, кој било, Тајсон Фјури, Александар Усик… Секој може. Ова беше моето американско деби и го запрев Американецот број 1. Пред него е голема иднина и му посакувам многу среќа. Нека се врати во сала и нека почне напорно да тренира“, нагласи Мартин Баколе.