Бакочевиќ по поразот од Кроата: Го гризев и го удирав со главата, но дебелиот преживеа

Франциско Кроата Барио стигна до уште една убедлива победа. Аргентинско-хрватскиот борец уште еднаш го победи Васа Бакочевиќ на настанот ФНЦ 13 во Белград.

Црногорецот повеќе од две години го чекаше тој реванш. Нивното прво соочување се случи во септември 2021 година во Шибеник кога Барио исто така го победи Бакочевиќ со гушење.

Барио и овој пат го задуши противникот кој употреби валкани потези во октагонот и со тоа стигна до петтата победа во петтиот настап за ФНЦ.

Црногорскиот борец преку Инстаграм контактираше со своите фанови, а ѝ му честиташе на Кроата за победата.

„Важно е да си поминеме добро. За малку ќе го завршев мечот во втората рунда кога го соборив, но преживеа дебелиот, секоја чест.

Му се извинувам на тимот што ги изневерив по којзнае кој пат и не слушам ништо. Дојдов со намера да го изгаснам како сијалица, па малку се занесов.

Секоја чест за судијата што не ме дисквалификува туку ми одзема бод, двапати.

Го гризев, удирав со глава, го удирав по гениталиите и го навредував Панчи од првата до последната секунда, како што планирав.

Публико, ви благодарам, ве сакам и се надевам дека добро си поминавте. ФНЦ, чест на организацијата, беше супер“, напиша Васо Бакочевиќ и и му порача на Кроата:

„Панчоза, честитки, но треба уште да работиш“. Не беше ниту близу да ме фрлиш. Мораше да го фатиш „кикот“ (ударот со нога) и еднаш кога те удрив во тилот, ја искористив приликата, но јас веднаш станав. Само се шегувам, честитки за победата.

Во понеделник се враќам во теретана, одиме понатаму“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON