Баки Ајети (-80 кг) не боксираше во финалето на Меѓународниот младински турнир „Куп на нациите“ во Врбас, Србија.
Тренерот Насер Харуни вели дека не дозволил да боксира со противникот кој тежел повеќе од 15 килограми.
Според жребот, Ајети требаше да боксира со српскиот боксер Габриел Макиќ во категоријата над 80 килограми.
Утрово тренерот Харуни соопшти дека е договорено Ајетри во финалето ќе ги одмери силите со Василие Кујунџиќ од Црна Гора. Но, изгледа, организаторот или се премислил или воопшто не сакал да се случи втората варијанта.
Поради тоа, вели тренерот Харуни, Ајети направил сапринг борба со боксер од Грција.
Да потсетиме дека Мердијан Алими (-52 кг) се бореше против Чехот Ондра Томас и загуби со судиска одлука 0-5.