Бајлдер: Џошуа може да оди до пеколот и назад и да ужива во тоа, но не може да дојде и да ја земе оваа вреќа со парите за него!

Се појавија информации дека има застој во преговорите за борбата меѓу Ентони Џошу и Дионтеј Вајлдер.

Тимот на Џошуа инсистира на тоа борбата да се одржи во Британија и на тоа шампионот на ВБЦ да дојде кај нив.

Џошуа неколку пати преку медиумите му порача на Вајлдер: „Немам што да изгубам. Ќе му испорачам пекол. Ќе го себам и тоа гадно. Веќе видовте дека сум во состојба да отидам до пеколот и назад и да уживам во тоа“.

„Двајцата сме одлични удирачи и сигурно ќе фрлам многу комбинации. Мислам дека тој ќе се обиде да бира удари. Јас само ќе одам напред и ќе правам многу комбинации. Ќе се обидам да го фатам рано и да го повредам“.

32-годишниот Американе кој на понудените 12 милиони долари од Еди Херн одговори со 50 милиони контра-понуда, му одговори на ривалот преку социјалните мрежи.

„Луѓето раскажваат добри приказни, но не сакаат да одат во долината на смртта. Рече дека еднаш отишол до пеколот и назад и уживал во тоа. Или ѓаволот не бил таму или лаже“.

„Значи, може да оди до пеколот и назад и да ужива во тоа, но не може да дојде и да ја земе оваа вреќа со парите што ги имаме за него“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО