АктуелноБоксПрофесионален

Бахрам Муртазалиев ќе ја брани светската титула во јануари

Светскиот шампион на ИБФ во првата средна категорија (до 69,9 кг) Бахрам Муртазалиев (23-0, 17 КО) ќе ја има следната одбрана на титулата во јануари, објавува Ринг.

Моментално се дискутираат два можни датуми – 24 или 31 јануари, а местото на одржување на настанот ќе биде објавено подоцна. Непоразениот Русин ќе се соочи со Британецот Џош Кели (17-1-1, 9 КО).

31-годишниот Кели го имаше професионалното деби во 2017 година. До 2022 година се натпреваруваше во велтер категорија (до 66,7 кг), по што се искачи во првата средна категорија. Единствениот пораз во неговата кариера беше против поранешниот светски шампион Давид Аванесјан.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON